Сердарот е поема на Григор Прличев за која бил наречен втор Хомер. Сердарот е најпознато дело на Прличев и добил златен венец за тоа. Во делото се работи за Кузман Капидан и неговите конфликти со непријателите негови Гегите. Времето во кое е прикажано делото е многу тежок период за македонскиот народ.
Кузман Капидан е сердар и е главниот лик на ова дело. Тој е храбар борец со огромна љубов за својот народ, родно место и семејство. Тој има огромна почит кон мајка му и се би направил за неа. Кузман од секогаш сакал да стане сердар и да го брани својот народ од неправда како и да го одмазди својот татко кој бил убиен од гегите. Во делото тој е прикажан како сигурен и решителен борец кој ќе ги помине сите граници за тоа во кое верува. Тој во борба против гегите загинува.
Неда е пример за каква мајка таков син. Таа е бестрашна и праведна со огромно срце за нејзиниот син и народ. Таа е спремна да постигне се што може без разлика на пречките со кои ќе се соочи. Неда е претставена како големо влијание и инспирација на својот син. Неда е пример за силна жена која не дозволува смртта на син и да ја спречи од правда за својот народ.
Гегите биле главниот непријател на Кузман и главниот судир се случува помеѓу нив. Тие го вршеле теророт врз народот и не изразувале никаква почит кон македонскиот народ. Затоа Кузман ги мразел и се борел со нив во битка која го осудила на смрт. Гегите од страна на македонскиот народ биле лоши луѓе, но од друга страна биле храбри и изразиле чест за Кузман враќајки го неговото тело кај Неда и ветувајќи дека нема да има повеќе терор од нивна страна.
Делото се работи за непочитувањето, тероризирањето и се на се тешката положба на македонскиот народ. Многу херои го имаат изгубено својот живот за нашата татковина и ова дело е репрезентација на еден верен патриот како Кузман. Прличев успеал да долови лоши и добри карактеристики на сите ликови и ова дело му е едно од најдобрите.
No comments:
Post a Comment