Thursday, October 19, 2017

"Сердарот" - Григор Прличев

             Сердарот е поема на Григор Прличев за која бил наречен втор Хомер. Сердарот е најпознато дело на Прличев и добил златен венец за тоа. Во делото се работи за Кузман Капидан и неговите конфликти со непријателите негови Гегите. Времето во кое е прикажано делото е многу тежок период за македонскиот народ.
             Кузман Капидан е сердар и е главниот лик на ова дело. Тој е храбар борец со огромна љубов за својот народ, родно место и семејство. Тој има огромна почит кон мајка му и се би направил за неа. Кузман од секогаш сакал да стане сердар и да го брани својот народ од неправда како и да го одмазди својот татко кој бил убиен од гегите. Во делото тој е прикажан како сигурен и решителен борец кој ќе ги помине сите граници за тоа во кое верува. Тој во борба против гегите загинува.
              Неда е пример за каква мајка таков син. Таа е бестрашна и праведна со огромно срце за нејзиниот син и народ. Таа е спремна да постигне се што може без разлика на пречките со кои ќе се соочи. Неда е претставена како големо влијание и инспирација на својот син. Неда е пример за силна жена која не дозволува смртта на син и да ја спречи од правда за својот народ.
             Гегите биле главниот непријател на Кузман и главниот судир се случува помеѓу нив. Тие го вршеле теророт врз народот и не изразувале никаква почит кон македонскиот народ. Затоа Кузман ги мразел и се борел со нив во битка која го осудила на смрт. Гегите од страна на македонскиот народ биле лоши луѓе, но од друга страна биле храбри и изразиле чест за Кузман враќајки го неговото тело кај Неда и ветувајќи дека нема да има повеќе терор од нивна страна.
            Делото се работи за непочитувањето, тероризирањето и се на се тешката положба на македонскиот народ. Многу херои го имаат изгубено својот живот за нашата татковина и ова дело е репрезентација на еден верен патриот како Кузман. Прличев успеал да долови лоши и добри карактеристики на сите ликови и ова дело му е едно од најдобрите.

Sunday, October 8, 2017

"Илијада" Хомер

   "Илијада" која се смета дека ја напишал Хомер е епско дело кое се работи за 10та година од Тројанската војна.
    Војната започнала со грабнувањето на Елена жената на спартанскиот цар Менелај од страна на Парис, синот на тројанскиот цар Пријам. Тоа била одлична причина братот на Менелај, Агамемнон да започне војна против Троја за да ја освои. Но, нешто што можело да заврши брзо траело цели 10 години. Заради тоа што Агамемнон морал да ја врати својата робинка Хрисеида на татко и па во замена ја украл робинката на најсилниот војник о војсководач Ахил. Тоа го налутило Ахил и затоа му се скарал на Агамемнон и ме се борел во битките. Агамемнон иако имал поголема војска од Тројанците губел зашто го немало Ахил. За да го натера Ахил да се бори неговиот верен пријател Патрокле отишол да го убеди, но не успеал. Па тогаш се облекол во штитот на Ахил и бил убиен од најсилниот тројански војник Хектор кој мислел дека е Ахил. Кога дознал за ова Ахил сакал да се одмазди за својот пријател па почнал пак да се бори и го убил Хектор. Епопејата завршува со
Пријам, таткото на Хектор како плачејќи го моли Ахил да му го даде телото на неговиот мртов син и Ахил го сторува тоа давајќи им 12 дена да го оплакаат јунакот Хектор.
    Главен лик во делово е Ахил (син на божицата Тетида и кралот Пелеј) околу кој се случуваат сите поважни настани. Тој е храбар, тврдоглав, силен и бил пример за идеален јунак во тоа време. Хектор бил најврвниот тројански војник, но и добар и мил сопруг и татко. Се борел за чест и многу не го сметале за човек бидејќи бил толку силен и непобедлив.
Агаменон бил крал на Микена и себичен, но амбициозен владетел. Бил инаетлив и секогаш гледал да оди се по негово и тој да има корист од другите.

Карина Митрева IX-3