Sunday, February 26, 2017

Самооценување за колаборативна табела по Македонски Јазик

         Во вторникот 21.II 2017 ни беше зададена парцијално тешка задача во која требаше да пополниме веќе направена табела од страна на наставничката по Македонски Јазик Валентина Петрова за лектирното дело Времепловод Х. Џ. Велс. Целта на оваа задача произлезе од Филмската идеја за која имаме работено претходно.
         Во табелата имавме четири колони кои беа за настани, ликови, проблем и чувства. Во групата бевме тројца, а јас бев лидер. За секој од настаните требаше да напишеме соодветни ликови, проблеми и чувства. Ја поделивме задачата така што Давид Трајчевски пишуваше за настани, а јас ги дообјаснував, Ева Велковска пишуваше за ликови (за кои и требаше до последен момент да напише ПОЛОВИНА од задачата, а другата половина јас ја напишав), јас пишував за проблемот во настаните, а Давид Трајчевски за чувствата.
       
          Откако ве воведов во нашата задача сега следи самооценувањето. Како лидер не се сметам за повеќе од другите членови во групата, но јас имам за задача да ги потсетам моите членови за задачата и да комуницирам со наставничката. Јас сериозно се фатив за работа иако во последен момент ја завршив.
          Дефинитивно можевме како група да се потрудиме повеќе и поуспешно да ја завршиме нашата задача. Но, сепак не мислам дека ни е до толку лоша. Секогаш има простор за поправка и се надевам подобро ќе ги извршуваме идните задачи.

Подолу е нашата завршена табела. Ако имате некакви забелешки ве молам коментирајте за да знаеме да се поправиме во иднина. :)

Карина Митрева VIII3
       


Лектира бр. 7 „Времеплов“
Х. Џ. Велс


Група 4: Карина Митрева  Давид Трајчевски




Настан
ликови
судир/проблем
чувства
  1. Убедување за постоење на четврта димензија (Времепловецот и неговите пријатели се собираат на состанок каде зборат за четвртата димензија)
Времепловецот-интелигентен, имагинативен, оптимист, потсмеан
Филби-песимист, нерасположен
Градоначалникот-учен, се сомнева
Психолог-заинтересиран
Ликовите не му веруваат на времепловецот, па тој решава да им се докаже
Вознемиреност, убедливост, стравување пред непознатото
  1. Приказна за преживеани осум дена во 802701 година (Повторно се одржува состанок каде Времепловецот им раскажува за својот пат во иднината)
Времепловецот-изморен, во заблуда
Сите пријатели на Времепловецот-зачудени и запрашани
Времепловецот исчезнува во непознатата иднината
Вчудоневиденост од изменетиот свет, проучување и восхит од сфингата и палатите
  1. Бела џиновска фигура пред очите на Времепловецот (Времепловецот пристигнува во иднината каде го разгледува новиот свет кои не ги достигнува неговите очекувања)
Времепловецот-зачуден, изненаден
Времепловецот се наоѓа во сосема друго време и друга цивилизација
Стравопочитување, верување во бесконечното и непознатото и вознемиреност од тоа
  1. Средба со малите, нежни со кадрава коса и шилеста брада слатките и мили Елои (Тој се запознава со нив и се труди да комуницира)
Времепловецот-возбуден, исплашен
Елоите-мили, дружељубиви
Времепловецот не го разбира јазикот на суштествата Елои
Симпатија, пријателско чувство и чувство на припаѓање кон еден нов вид човечки суштества
  1. Потрага по украдената временска машина под металната плоча на сфингата и запознавање со Вина (Времепловот е украден. Времепловецот исплашен ја бара насекаде, по пат запознавајќи ја и Вина)
Времепловецот-нервозен, замислен
Вина-мила и добра
Времепловот му е украден на Времепловецот
Гнев, разочараност, потреба од смиреност и разумност да се пронајде временската машина
  1. Влез во бунар со подземни тунели и прва средба со слепите месојадци-Морлоци (Барајќи го времепловот, Времепловецот влегува во тунел каде ги запознава и е нападнат од Морлоците)
Времепловецот-замислен, исплашен
Вина-исплашена, загрижена
Стравот од темнината на Вина
Страв, паника, бес и гадење од грдите подземни суштества кои се плашат од светлина
  1. (Од страв да не биде најден од           Морлоците, Времепловецот заедно со Вина бараат засолниште)
Времепловецот-среќен за наоѓање на предмети за одбрана од Морлоците
Вина-исплашена, носталгична. бодра
Времепловецот и Вина излегуваат од засолништето
Исполнетост, љубов, нежност и скромност во однесувањето кон својата пријателка и емотивна приврзаност кон неа
  1. Откривање на галерија, пронаоѓање на кибрит со чкорчиња во одбрана од Морлоците и еден железен лост (За среќа на времепловецот, тој со Вина наоѓа многу корисни таботи во палатата кои ќе му помогнат да с
Времепловецот-сериозен,истражувач и интелегентен
Вина-интересна и исрена личност
Откако бегаат од морлоците, се засолнуваат и се наоружуваат, си ја преценуваат силата и се враќаат кај Морлоците
Чувство на осаменост, страв пред идните средби со Морлоците, гнев и одвратност од подземните ноќни суштества
  1. Пожарот во шумата, смртта на убавата Вина и мирисот на камфор од запалените суви гранки на шумата (Времепловецот и Вина се нападнати од Морлоците, што го присилува да ја запали шумата постепено губејќи ја и Вина)
Времепловецот-грижлив и жалослив
Вина-плашлива и наивна
Времепловецот пали оган да се одбрани од Морлоците губејќи ја Вина
Чувство на тага, опростување од малечката Вина, осуда на одвратните суштества виновни за нејзината смрт
  1. Повлекување на рачката на временската машина  и исчезнување далеку од темниот свет на Морлоците (По бруталната битка времепловецот преспива и следниот ден оди кај сфингата по својот времеплов. Го наоѓа, но заедно со Морлоците и затоа ја повлекува рачката што побрзо)
Елоите-мили и дружељубиви
Времепловецот-ладнокрвен и преморен
Времепловецот го бара времепловот
Изненаденост, смиреност и спокој од напуштањето на земјата на Елоите и Морлоците во блиска иднина
  1. Напад на џиновски рак колку една маса врз Времепловецот и негово враќање во реалноста (За побрзо да избега од морлоците тој ја повлекува рачката и оди уште подалеку во иднината каде светот е пред умирање. Кога Времепловецот го гледа тоа ја повлекува рачката повторно и се враќа)
Времепловецот-изнемоштен и збунет
Времепловецот продолжува да патува низ иднината
Непријатно чувство на исцрпеност, повреденост и прашливост од патувањето низ четвртата димензија
  1. Средба со своите пријатели Филби, лекарот, психологот и општинскиот претседател и повторно исчезнување во четвртата димензија (По враќањето на Времепловецот во сегашноста, тој ја раскажува приказната на своите пријатели, но тие не му веруваат. Па затоа тој следниот ден пак тргнува кон иднината со фотоапарат, но никогаш не се враќа повторно)
Времепловецот-самоуверен и убедлив
Докторот,Новинатот,Издавачот-трпеливи и недоверливи
Времепловецот за да се докаже на своите пријатели пак патува во иднината невраќајки се повторно
Изгубеност во вечноста и задоволство од бегството од престижот и неспокојот на денешниот неразумен човек.

4 comments:

  1. Покрај тоа што гледам дека Ева не си ја завршила својата задача твојата група доста солидно го совладала овој материјал ,ми се допаѓа тоа што си искрена.

    ReplyDelete
  2. Мислам дека табелата ви е добро пополнета,посебно чувствата.Многу убаво се објаснети.А истиот проблем го имаме и ние.Бидејќи не сите ученици сакаат да работат групно.Мислат дека се треба да заврши еден член од групата.

    ReplyDelete
  3. Табелата е добро поплнета но не ми се допадна неодговорноста која ја покажала Ева. Требала повеќе да се ангажира бидејќи никој не е должен да ја завршува нејзината задача. Се надевам дека во иднина ќе ја поправите соработката.

    ReplyDelete
  4. Табелата е многу добро пополнета. Исто така добри ви се и настаните. Во мојата група, исто како Ева, беше Александар. Но тој не заврши ништо од неговата задача.

    ReplyDelete