Tuesday, February 13, 2018

"Прва љубов" Иван Тургенев

Фабула
"Прва љубов" од Иван Тургенев е дело во кое се работи за еден маж Владимир кој откако ќе биде прашан за првата љубов од пријателите писмено ќе им го раскаже сето искуство.

Сценарио
(На забавата има голема бучава и таму се наоѓаат Владимир и неговите другари, седат кога од никаде им паднал муабетот на првата љубов)

Едниот пријател: Да ви кажам првата љубов ми беше едно од најубавите искуства (кажува насмевнувајќи се) . Се случи кога имав 15-16год (кажува со двоумење) и беше љубов на прв поглед. Се беше убаво додека не дознав дека сака друг и ми се уништи се. Но, тоа е во минатото сега.

Дригиот пријател: Надвор искочен до другари се шегувавме се додека таа не помина и не останав без здив (ја замислува). Зборувавме, но тешко се избрукав пред другарите ама ако бидам искрен не беше за џабе.

Владимир: Интересно (се согласува)

Првиот другар: Ајде Владимире тебе ти е редот ги слушна нашите приказни сега ние твојата треба.

Вториот другар: Ајде Владимир ајде (извикува)

(Владимир се потсмевнува)
Владимир: Многу е долга приказната, а јас не сум некој раскажувач полесно ќе ми биде да ви ја напишам.

Двајцата другари: Епа ајде што чекаш.

Friday, December 22, 2017

"Бескрајна приказна" - Михаил Енде

"Бескрајна приказна" од Михаил Енде е фантастичен роман во кој се работи за детето Бастијан кој ќе навлезе во измислениот свет Фантазија.
     Бастијан е сете чија мајка умрела, а чиј татко не му обрнува внимание или љубов. Бегајќи од некои училишни другари ќе влезе во антикварница. Таму ќе се сретне со еден старец кој ќе ја чита книгата "Бескрајна приказна". Бастијан кој обожува книги, заинтересиран ќр ка украде книгата која според старецот не била за негови години.
     Во книгата која ја чита Бастијан се запознаваме со јунакот Атреј кој ќе има за задача да ја спаси кралицата Фантазија и целиот свет Фантазија. Таа е болна и нема никаков лек затоа е пратен Атреј во потрага по било што кое ќе ја спаси. Атреј помува низ многу препреки, а Бастијан се повеќе се соживува со неговиот врсник како да е вистински.
     Бастијан задлабочен во книгата почнува да го чувствува присуството и гласот на Атреј исто како и тој. Во еден момент ќе се погледнат во очи што ќе го преплаши Бастијан и ќе се запраша дали се ова е всушност вистинито.
     Атреј со надеж за помош се сретнува со волкот Морг и дознава дека тој е всушност лош и соработува со Ништото. Атреј заклучува дека Фантазија ќе биде уништена кога луѓето од Земјата ќе ја изгубат сета надеж. Морг го повредува Атреј, но тој успева да избега.
     Атреј разочаран се враќа кај кралицата и и соопштува дека не нашол лек и нема спас. Кралицата му кажува дека Атреј ја завршил својата задача , а таа била да го донесе Бастијан во овој свет. Бастијан зачуден и изненаден не знае дали да верува. Продолжува да ја чита книгата и гледа дека Фантазија ја снемува и се се повторува. Дознал дека за да го спади светот морал на кралицата да и даде ново име. Не знаел дали да го направи тоа на почеток, но потоа и го дадол името Месечево дете со што го спасил светот Фантазија.
     По завршување на книгата Бастијан ќе раскаже се на татко му и ќе оди кај стареџот во Антикварницата. Ќе му ја раскаже приказната и ќе му се извини, а старецот ќе каже дека никогаш не поседувал таква книга, но дека ја читал и тој и и дал ново име на кралицата.

Sunday, November 26, 2017

"Шагринска кожа" - Оноре де Балзак

 "Шагринска кожа" од Оноре де Балзак е реалистички роман за животот и алчноста на човекот. Се работи за млад човек кој коцкајќи ги губи сите пари и сака да се убие. Но, пред да го стори тоа наидува на волшебна продавница каде наоѓа шагринска кожа која ќе му ги исполнува сите желби, земајќи му дел од физичката енергија секој пат. Главната тема на роман е конфликтот помеѓу желбата и долговечноста.
     Рафаел де Валентин е протагонистот во ова дело непособен да ги зграви вистинските вредонсти во животот. Тој е статичен лик кој само реагира на настаните и последиците кој во поголемиот дел сам ги создал и не успева никако да дејствува врз нив.
      Валентин е прилично добар и реален пример за какви сме ние луѓето. Тој би бил личност кој би бил исполнет само со пари, кој би ја одбрал својата работа фокусирајќи се повеќе на парите одошто пасијата или љубовта кон таа работа. Целиот роман укажува на тоа дека за него парите (кои се важен фактор во животот) се најважни и  укажуваат на моќ. Толку многу му значат што бил спремен да си го одземе животот кога ги изгубил сите.
       Општеството во кое е создаден ликот во овој роман главно се фокусира повеќе на богатиот слој на народ. Луѓето се осудуваат меѓусебно базирано на тоа кој колку пари поседува. Тогаш владеела буржоазијата, па сфатливо е зошто сакал да си го одземе животот кога ги изгубил парите. Било просто во тогаш, колку пари имаш толку вредиш. Во тоа време сите било многу субјективни, за разлика од денес кога објективноста е поразвиена. Иако парите се сеуште важен дел од животот тие не се дефиниција ниту мерило за колку си човек.
      Емил е пријател на Рафаело со кој поминува забавни ноќи и на кој Рафаело му се отвара. Федора е сурова и лицемерна жена која не го цени Рафаело колку и да и се удворува Рафаело. Полина е неочекуваната љубов на Рафаело која го прави да сфати дека срцето му е празно, дека не е се до парите и дека животот е скапоцен и не го ценел доволно. Валентин е делумно свесен за тоа како го гледаат другите, но мислам и дека со се што посакал во животот исполнето не го ни засега бидејќи во тие кратки мигови каде имал се се осеќал како крал. Рафаел не е многу свесен за тоа што прави бидејќи дозволува парите и моќта да го контролираат и со намалување на кожата и неговиот живот се намалува, ослабнува и неговото психичко здравје и контролата врз себе.
     Рафаело го гледа светот сибјективно и сурово што не е многу различно од какво било тогаш. Се грижи само за себе и мисли дека моќта е главната животна цел и дека се додека има пари, жени, алкохол и пријатели успева во животот. Животот има многу аспекти и материјално дефинитивно не е најважно.
      Има луѓе што се однесуваат како Рафаело бидејќи матеијалните добра ни се толку важни во секојдневниот живот и за многу ни требаат. Но, има луѓе на кои им се најважни и кои ги злоупотребуваат и не го ценат животот за се што е туку за се што имаат. Рафаело е комплексен лик. Дозволува парите да го водат, не е многу одговорен и не може да се контролира секогаш. Иако умира на крај сепак сфаќа дека згрешил и за тој еден момент парите му беа на второ место.
       Романот на Оноре ми ги отвори очите дека ние како луѓе сме себични и алчни и дозволуваме предмети да не контролираат   и дека треба да ги цениме бесценетите работи како љубовта и животот. Уживај во животот и цени го секој момент.

Sunday, November 19, 2017

Анализа на Бак од "Повикот на Дивината"-Џек Лондон

"Повикот на Дивината" од Џек Лондон е авантуристички роман во кој се работи за пресвртот на животот на кучето Бак, кое од фамилија во Калифорнија е киднапиран и однесен во Алјаска, каде ќе треба да ги влече санките на трагачи по злато во планините.. Во целиот роман се зборува за препреките кои ќе ги искуси, борбите во кои ќе се најде и физичко неподносливите услови кои ќе го пресретнат.
     Бак е главниот лик во ова дело. Тој е динамичен лик кој дејствува врз некои од настаните. Тој на еден од кучињата Сол-Лекс незнаејќи ќе му се приближи од слепата страна (бидејќи сол не гледа од едното око) и ќе биде нападнат, но ќе си ја сфати грешката и нема да му се повтори што за мене е пример за динамичен лик. Исто така се брани себеси.
     Бак е паметен и итар. Агресивен и снаодлив што е прилично добар приказ и за тоа какви се некои луѓе. Тој е динамична личност, кој би бил самостоен и сигурен во себе. Претрпува многу работи и според мене би бил и многу мотивирана личност. Храбар е и се бори во тоа што верува.
     Опшеството во кое живее Бак е сурово и неправедно (прилично добра репрезентација и од денешното опшстество). Тој е украден и продаван како парче месо и само неколку луѓе го третираат како живо суштество. Секое време има свои сличности и разлики, но денес се води поголема сметка за животните и казниво е нивното малтетирање.
      Франсоа (еден од споредните ликови) го гледа Бак како обично куче од кое може да прави профит и не се грижи многу за неговите чувства и потреби. Шпиц (еден од кучињата) го гледа Бак како свој најголем ривал за кој нема никаков симпатет и сакал само да му наштети. За разлика од овие два лика, ликот Тортон се грижел за Бак, бил праведен ко него и не дозволувал да го повредат. Бак го засакал Тортон, но потоа тој умрел. Бак е прилично свесен за тоа како го гледаат останатите. Знае дека не се сакаат со Шпиц, гледа дека Тортон се грижи за него и приметува дека многу од ликовите го третираат како обично животно кое е често измачувано. Затоа и неговите инстинкти на време се да се брани себеси. Тој е свесен што прави и разбира дека има праведни и неправедни последици за тоа.
     Кучето Бак го гледа светот како не фер плеј. Тоа што ќе си посееш не мора да значи и дека ќе си го жнееш. Треба да се трудиш и бориш за тоа што го сакаш, да бидеш самостоен и да не веруваш на секому потполно. Овој поглед е реалистичен поготово од гледна точка на Бак кој претпел многу.
     Многу луѓе би, а и верувам се однесуваат како Бак во делото. Не знаат кои се и со тек на животот дознаваат повеќе за себе и светот. Импулсивни се и љубопитни. Бак е комплексен лик кој се истражува себеси како личност (на крај дури станува лидер на чопор волци) има многу аспекти од карактер како и од животот и сум сигурна дека долго време ќе остане во моите мисли.
     

Sunday, November 5, 2017

"Панонски легенди"

     Делото "Панонски легенди" е составено од две житија, житие на Кирил и житие на Методиј. Во нив се опишува животот на создавачите на словенската писменост.
     Во житието на Кирил се работи за неговиот живот. Тој бил седмото дете во неговото семејство. Откако го завршил образованието се залагал тој за ширење на христијанството и словенската писменост. За време на неговата најважна мисија, Моравската мисија Кирил и Методиј ја создале словенската азбука.
     Во житието на Методиј нема информации за неговото потекло , но се работи за неговата посветеност кон преведување богослужбени книги на словенски јазик.
     Кирил и Методиј се најважните словенски просветители кои ја ширеле словенската писменост и христијанството. Ги создале основните темели на словенската писменост како и првата словенска азбука глаголицата.
     Делото "Панонски легенди" според мене е суштински важно, бидејќи преку него го осознаваме значењето на браќата просветители, и воопшто нивните дела. За секоја генерација независно на возраста, ова дело пренесува значајна порака преку која читателот има можност да разбере и научи колку е вреди она за кое се залагале Кирил и Методиј, а без кое не би можеле да го замислиме секојдневието- јазикот.

Thursday, October 19, 2017

"Сердарот" - Григор Прличев

             Сердарот е поема на Григор Прличев за која бил наречен втор Хомер. Сердарот е најпознато дело на Прличев и добил златен венец за тоа. Во делото се работи за Кузман Капидан и неговите конфликти со непријателите негови Гегите. Времето во кое е прикажано делото е многу тежок период за македонскиот народ.
             Кузман Капидан е сердар и е главниот лик на ова дело. Тој е храбар борец со огромна љубов за својот народ, родно место и семејство. Тој има огромна почит кон мајка му и се би направил за неа. Кузман од секогаш сакал да стане сердар и да го брани својот народ од неправда како и да го одмазди својот татко кој бил убиен од гегите. Во делото тој е прикажан како сигурен и решителен борец кој ќе ги помине сите граници за тоа во кое верува. Тој во борба против гегите загинува.
              Неда е пример за каква мајка таков син. Таа е бестрашна и праведна со огромно срце за нејзиниот син и народ. Таа е спремна да постигне се што може без разлика на пречките со кои ќе се соочи. Неда е претставена како големо влијание и инспирација на својот син. Неда е пример за силна жена која не дозволува смртта на син и да ја спречи од правда за својот народ.
             Гегите биле главниот непријател на Кузман и главниот судир се случува помеѓу нив. Тие го вршеле теророт врз народот и не изразувале никаква почит кон македонскиот народ. Затоа Кузман ги мразел и се борел со нив во битка која го осудила на смрт. Гегите од страна на македонскиот народ биле лоши луѓе, но од друга страна биле храбри и изразиле чест за Кузман враќајки го неговото тело кај Неда и ветувајќи дека нема да има повеќе терор од нивна страна.
            Делото се работи за непочитувањето, тероризирањето и се на се тешката положба на македонскиот народ. Многу херои го имаат изгубено својот живот за нашата татковина и ова дело е репрезентација на еден верен патриот како Кузман. Прличев успеал да долови лоши и добри карактеристики на сите ликови и ова дело му е едно од најдобрите.

Sunday, October 8, 2017

"Илијада" Хомер

   "Илијада" која се смета дека ја напишал Хомер е епско дело кое се работи за 10та година од Тројанската војна.
    Војната започнала со грабнувањето на Елена жената на спартанскиот цар Менелај од страна на Парис, синот на тројанскиот цар Пријам. Тоа била одлична причина братот на Менелај, Агамемнон да започне војна против Троја за да ја освои. Но, нешто што можело да заврши брзо траело цели 10 години. Заради тоа што Агамемнон морал да ја врати својата робинка Хрисеида на татко и па во замена ја украл робинката на најсилниот војник о војсководач Ахил. Тоа го налутило Ахил и затоа му се скарал на Агамемнон и ме се борел во битките. Агамемнон иако имал поголема војска од Тројанците губел зашто го немало Ахил. За да го натера Ахил да се бори неговиот верен пријател Патрокле отишол да го убеди, но не успеал. Па тогаш се облекол во штитот на Ахил и бил убиен од најсилниот тројански војник Хектор кој мислел дека е Ахил. Кога дознал за ова Ахил сакал да се одмазди за својот пријател па почнал пак да се бори и го убил Хектор. Епопејата завршува со
Пријам, таткото на Хектор како плачејќи го моли Ахил да му го даде телото на неговиот мртов син и Ахил го сторува тоа давајќи им 12 дена да го оплакаат јунакот Хектор.
    Главен лик во делово е Ахил (син на божицата Тетида и кралот Пелеј) околу кој се случуваат сите поважни настани. Тој е храбар, тврдоглав, силен и бил пример за идеален јунак во тоа време. Хектор бил најврвниот тројански војник, но и добар и мил сопруг и татко. Се борел за чест и многу не го сметале за човек бидејќи бил толку силен и непобедлив.
Агаменон бил крал на Микена и себичен, но амбициозен владетел. Бил инаетлив и секогаш гледал да оди се по негово и тој да има корист од другите.

Карина Митрева IX-3