Tuesday, March 21, 2017

Самооценување на групата за Биографија на Васил Иљоски





           Наставничката по Македонски јазик Валентина Петрова ни зададе задача да се поделиме во групи и да влечеме ливчиња за кој познат македонец ќе пишуваме. Во мојата група бевме јас Карина Митрева, Ева Велковска и Ребека Костовска. Јас бев лидерот и затоа јас влечев ливче и ни се падна познатиот македонски писател Васил Иљоски. Ние сериозно се фативме за работа.

          Иако во последен момент и ја испративме задачата на наставничката се трудевме што поуспешно да ја направиме. Ние решивме да пишуваме во Google Slides бидејќи на тој начин можевме сите истовремено да пишуваме и работиме што според мене ќе доведе до поуспешен краен резултат.

         Вакви групни проекти ми се допаѓаат многу бидејќи можеме едни од други да научиме многу работи и да гледаме од перспектива на друг. На пример јас од Ребека научив дека секаде можат да се најдат информации само треба доволно да бараме, а од Ева научив дека ако од два различни извори најдеме различни информации треба повеќе да истражуваме за да потврдиме кое е точно. Се на се групните соработки не се само да се направи проект туку и да се научи по нешто од секој член во групата.

         Соработката во групата според мене беше одлична. Сите ги подржувавме и слушавме идеите на другите членови и ако не се согласувавме со нешто отворено ќе кажевме и ќе предложевме како би било подобро.

         Јас мислам дека во поглед на креативност ја разочаравме наставничката бидејќи ништо не направивме туку само обична презентација, а имавме многу опции и идеи кои на крај не успеавме да ги реализираме.

          Текстот ни беше јасно напишан, пополнет со најважните информации и добро распределен. Секако ова е мое мислење и можеби друг не се согласува со мене, но тоа е целта на ваквите проекти да учиме од нашите грешки и да се подобруваме секој пат. Затоа ако некој има некои совети или забелешки ве молам напишете ги во коментарите. :)

Подоле е нашиот проект